Ве известуваме и покануваме на предавањето The Modern on Stage (The Dream of the House) – Модерното на сцена (Сонот на куќата) на германскиот сценограф Јан Папелбаум, на 12 април/петок во Музеј на современата уметност со почеток во 19ч., предавањето ќе се одржи во Кино салата на МСУ.

Предавањето е дел од програмата на Македонскиот центар на ИТИ – Преведување на визуелна драматургија 2019.

Иницијатори и организатори на проектот се Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/ПРОДУКЦИЈА, проектот е поддржан од Гете институт Скопје. Партнери на проектот се Музеј на современа уметност и Домот на културата Кочо Рацин- Скопје.

Јан Папелбаум е еден од најзначајните и најинвентивните современи театарски сценографи во германскиот и европски театар, тој е резидентен сценограф во Шаубуне во Берлин. Папелбаум соработува со етаблираните режисери – Томас Остермајер, Фалк Рихтер, Том Кунел … Негови најпознати сценографии се оние од претставите  со специфични сценско-режисерски поставки како Ричард трети, Хамлет, Хеда Габлер, Елдорадо … каде што сензибилно, вешто, досетливо и непредвидливо ги спојува наративното од драмскиот текст, визијата на режисерот и сценографското дожувување на реалноста инспирирана од антропологијата на секојдневниот живот – животот и луѓето во и вон градовите денес и тука.

Јан Папелбаум ќе зборува за своето сценографско искуство и неговото место во современиот театар , ќе зборува за германскиот театарски систем;  и неговата соработка со најталентираните режисери денес.

Предавањето е од отворен тип, на кое сте поканети сите кои ја сакате и почитувате уметноста на театарот, по предавањето на 13 и 14 април ќе се одржи стручна работилница за современа сценографија во соработка со афирмирани и активни македонски сценографи, визуелни уметници, режисери  и архитекти (Марија Ветероска, Илина Ангеловска, Нина Николиќ, Енес Деари, Емил Петров, Филип Коруновски, Вишња Вујовиќ, Марија Петровска, Благоја Ристовски, Горјан Стојчев, Даница Спасевска, Надица Панковска, Мартин Манев, Јана Брсакоска, Теа Беговска, Игор Поп Трајков). Јан Папелбаум досега одржал менторски работилници на Венециското биенале за театар, Италија; на Факултетот за изведбени уметности во Хонг Конг, НР Кина; во Музејот за современи уметности во Осло, Норвешка …  Работилницата во Скопје е од затворен тип.

Повеќе театрографски податоци за Јан Паппелбаум на следниов линк. https://www.schaubuehne.de/en/people/jan-pappelbaum.html

Повеќе за предавањето во МСУ. https://www.facebook.com/events/2140689079486846/

Повеќе за работилницата во Скопје. https://www.facebook.com/events/300547870564693/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВилата на Џесика Алба – дом од соништата!
Следна објаваЕден од најголемите модни трендови за 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР