Спомени е новиот сингл и воедно најава, за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски.

Се работи за емотивна и елегична мелодија која е инспирирана од убавите моменти кои им се случувале во минатото, на двајцата музичари. Одсвирена е само од саксофон и гитара.
Автор на музиката е Горан Папаз а за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски.  Папаз и Танче со полна пареа го спремаат новиот проект кој ќе носи наслов “Елегија”, на истиот ќе се најдат десетина композиции, авторски и преработки на изворни елегични македонски песни.
Албумот треба да биде готов ова лето, на него на пијано ќе гостува маестро Иван Еминовиќ, диригент при Македонска Опера и Балет.

Видеото е изработено од страна на Мега Продукција, под режисерската палка на Ѓоко Наумовски, а во него се појавува Наташа Попоска Карче која ја оплеменува целата приказна.  “За новиот проект “Елегија” има голем интерес од балканските музички продукции, со неколку веќе сме во преговори па најверојатно во текот нанаредната недела ќе имаме и официјално потпишан договор” – Горан Папаз

СПОДЕЛИ
Претходна објаваŠKODA SCALA ја освои најпосакуваната награда „Red Dot“
Следна објаваКаролина во MANGO и во најубавата боја на сезоната!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР