Денес се одбележува Светскиот Ден на Поезијата, која преставува еден вид на покана за поубаво да се размисли за моќта на јазикот како и креативната способност за пишување кај човекот.

Овој ден традиционално се прзанува ширум светот со голем број на настани како што се литературни  собири и поетски читања.

За оваа пригода ние се одлучивме за поезијата на нашиот познат автор Никола Маџиров.

НЕ ЗНАМ
Далечни се сите куќи што ги сонувам,
далечни се гласовите на мајка ми што на вечера ме повикува, а јас трчам кон полињата со жито.
 
Далечни сме ние како топка што го промашува голот и оди кон небото, живи сме како термометар кој е точен само тогаш кога ќе погледнеме кон него.
 
Далечната стварност секој ден ме испрашува како непознат патник што ме буди на половина пат со прашање „Тој ли е автобусот“, а јас му велам „Да“, но мислам „Не знам“, не знам каде се градовите на твоите дедовци што сакаат да ги напуштат сите откриени болести и молитвите.
 
Сонувам за куќа на ридот од нашите копнежи, да гледам како брановите на морето го исцртуваат кардиограмот на нашите падови и љубови, како луѓето веруваат за да не потонат и чекорат за да не бидат заборавени.
 
Далечни се сите колиби во кои се криевме од дождот и од болката на срните што умираа пред очите на ловците кои беа повеќе осамени, отколку гладни.
Далечниот миг секој ден ми поставува прашање „Тој ли е прозорецот? Тој ли е животот?“, а јас му велам „Да“, а всушност „Не знам“, не знам кога птиците ќе прозборат, а да не кажат Небо.
 
 
 
 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР