Освен изведбата на песната “Shallow” за која доби Оскар за најдобра оригинална песна, Лејди Гага јавноста ја освои со ретро модно издание кое го пофалија модните критичари од целиот свет.

Лејди Гага беше облечена во едноставен  црн фустан од  дизајнерот Alexander McQueen, со нагласени колкови, а го комплетираше со црни свилени ракаваци и дијамантска ланче од брендот Tiffany & Co.

Ланчето со огромен жолт дијамант од 128 карати е старо 140 години, а последен  пат го носеше Одри Хепберн во 1961 година. Дијамантот беше пронајден во Јужна Африка, а вредноста му се проценува на 30 милиони долари.

По примерот на ѕвездите од стариот Холивуд, косата ја крена во висока пунџа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова колекција на Фенди во чест на Карл Лагерфелд!
Следна објаваКако на природен начин да се решите од кариес и да ги избелите забите?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР