Моќна феминистичка порака на Серена Вилијамс на Супер Боул!

Моќна феминистичка порака на Серена Вилијамс на Супер Боул!

Американската тенисерка Серена Вилијамс сними реклама за апликацијата Bumble  која се прикажа на овогодинешниот Супер Боул, преку која испрати силна феминистичка порака.

Рекламата од 30 секунди е прикажана во првата четвртина на Супер Боул, а ја  покажува Серена облечена во бел фустан на тениско игралиште.

“Светот ви кажува да чекате, бидејќи добрите работи ќе дојдат. Но, ако јас чекав да бидам поканета внатре, никогаш не би стоела тука. Ако чекав нештата сами да се сменат, никогаш немаше да успеам. Затоа, направте го првиот чекор. Не чекајте луѓето да ве  најдат и да ви кажат каде ви е местото. Најдете ги вие нив. Во работата, во љубовта, во животот”, вели Серена.

Во видеото можеме да ја видиме познатата тенисерка како држи фотографија од венчавката со Алексис Оханиен со кого ја има 17-месечната ќерка Алексис Олимпија.

“Најважно – не чекајте да ја добиете моќта, бидејќи тоа што никој никогаш не ви кажува-е дека веќа ја имате.”, вели Серена.

Нејзиното видео на Instagram е прегледано повеќе од 587.000 пати, а голем број на фанови и порачаа дека таа испрати многу моќна и инспиративна порака до жените низ целиот свет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗимска уметничка фантазија!
Следна објаваДубаи под вашите нозе!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР