Идните невести ќе имаат уште една шанса да ги видат најубавите венчални фустани на седмиот The Bridal Fashion Night, закажан на 4 февруари, во Скопје Мериот хотел.

Ги повикуваме сите идни невести! 

Сега е времето да кажете ДА! на фустанот на вашите соништа.

Венчавката претставува еден од најважните денови во животот на една жена. Откако кажавте ,,Да’’ сосема сигурно е дека сте преокупирани со организацијата на вашата венчавка од соништата. Бидејќи сме добро запознаени со овие околности, Моден Викенд Скопје во соработка со Скопје Мериот хотел организираат The Bridal Fashion Night – настан каде ќе имате можност одблизу да се запознаете со најновите креации на модните дизајнери на венчаници, целосната организација на венчавки од страна на посветениот тим на Скопје Мериот, како и предностите и погодностите кои тие ги нудат доколку ја организирате вашата венчавка во нивните простории кои наликуваат како да се од бајките.

Не ја пропуштајте шансата да се инспирирате за вашата идна свадбена ноќ.

На вечерта посветена на венчаници, свечени тоалети и се она што е потребно за организирање на свадбениот ден, ќе ги видиме и ревиите на најновите, прекрасни колекции на Анна Бора Ателјер, Минна Фешн, Marie Antoinette, Матронс и JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier со Колекцијата “JZJ THE GREAT”. На наше задоволство специјален гостин на ревијата ќe биде поп ѕвездата FJOLLA MORINA. Арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу“ годинава ќе претстави нова уникатна креација на “The Bridal Fashion Night”. „Фа–Бу“ е специализирано арт-студио за изработка на несекојдневни фустани од свежо цвеќе.

Манекенките ќе ги разубавува официјалниот партнер за фризура „Inebrya“ во соработка со салонот за убавина „Beauty bar“, како и „Kryolan“ – официјален партнер за шминка. Брендот за уникатен италијански накит „Sigma Jewelry“ ќе ги претстави новите трендови за претстојната сезона. Слоганот на нашите слатки партнери е Животот е посладок со Sunday! – Sunday висококвалитетни домашни колачиња и десерти. „Moet“ и понатаму останува присутен во сите важни моменти во животот. Винаријата „Vizba Valandovo Winery“- ексклузивен партнер за сите венчавки. „Hyundai“ ќе понуди соодветен модел за идните семејства.

Партнер за овој настан e и Baba Photo3D Studio – Wedding Photography & Cinematography кои ќе ве воодушеват со нивната перспектива и умешност да ги доловат најубавите мигови од вашата венчавка.

Идните невести кои сакаат да присуствуваат на настанот треба да испратат нивно име и презиме, возраст, местата кои ги земаат како предвид за организирање на свеченостa, датумот на истата, како и кратка верзија на љубовната приказна на следниот линк/формуларот тука: https://bit.ly/2W2CYLc најдоцна до 1 февруари.

Скопје Мериот хотел е идеална локација за овој автентичен настан како и за организирање на вашата венчавка токму заради уникатниот простор и одличната локација на хотелот, во срцето на градот. Исто така, просториите се украсени со автентичните декорации на Casamento, компанија за организирање свечености која секоја венчавка ја претвора во бајка. Во нашиот хотел ќе имате можност да направите и незаборавна фотографија благодарение на Мegaselfie photo booth и да го одбележите вашиот момент со интересна фотографија.

Доколку го потврдиме Вашето место можете да присуствувате со уште едно лицe. Бројот на места е ограничен и исклучиво со пријавување.

Ве очекуваме!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМанчевски ја доби наградата Eastern star на Trieste филмскиот фестивал во Италија
Следна објаваНајава за Global Game Jam Macedonia 2019 game-dev маратон
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР