Кои се најскапите автомобили во светот и колку чинат тие?

Ние направивме листа со десетте најскапи модели на автомобили од целиот свет и тие почнуваат од моделот Bugatti Chiron кој чини 2,7 милиони долари. Некои од нив не можете да ги купите и да ја имате потребната количина на пари – токму тоа беше и случај со моделот Ferrari Pininfarina Sergio, кој беше продаден само на избрани купувачи кои ги одбра брендот на Ферари.

Меѓутоа, кога знаеме дека автомобилите веќе не се само превозно средство, туку уметнички дела кои се чуваат и кои вредат со децении по производството, полесно ни е да разбереме зошто за многумина од нив, луѓето издвојуваат вистинско големо богатство. Големите имиња како што се Lamborghini, Aston Martin и, се разбира Rolls Royce, доаѓаат со многу високи цени кои првенствено се наменети за колекцинерите, а многу од нив се распродадени пред нивното јавно објавување.

Многу автомобилите кои можете да ги видите на нашата листа се надвор од дофатот на обичните луѓе, но мораме да признаеме дека можете да најдете задоволство додека ги гледате преку екраните на вашиот компјутер или мобилен телефон.

Изготвувањето на оваа листа не е лесно, бидејќи многу брендови ја чуваат цената на нивните модели како што змијата ги чува нозете, откривајќи ја само на перспективните потенцијални купувачи. Овој пат, ние се фокусираме на модели кои се најскапи оваа година.

Како што е случајот со скапи слики, часовници, модни и други работи што можеме да ги купиме, името на брендот е под влијание на цената. Суперавтомобилите Bugatti, Pagani,Ferrari, McLaren и други чинат многу пари, дури и кога се зборува за стандардни модели. Сепак, најскапите модели секогаш се нудат во ексклузивни, ограничени серии. Разгледајте ја нашата галерија ако сакате да дознаете кои модели се на нашата листа оваа година:

(1/10) Bugatti Chiron – 2.7 милиони долари

(2/10) Pagani Huayra – 2.8 милиони долари

(3/10) Ferrari Pininfarina Sergio – 3 милиони долари

(4/10) Aston Martin AM-RB 001 – 3.2милиони долари

(5/10) Bugatti Veyron Mansory Vivere – 3.4 милиони долари

(6/10) Lykan HyperSport – 3.4 милиони долари

(7/10) McLaren P1 LM – 3.6 милиони долари

(8/10) Lamborghini Veneno – 4.5 милиони долари

(9/10) Koenigsegg Ccxr Trevita – 4.8 милиони долари

(10/10) Rolls Royce Sweptail – 13 милиони долари

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролет 2019 во моделите на брендот Kate Spade!
Следна објаваИзложба на фотографии на Роберт Јанкуловски-(Париски перспективи)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР