Бисерот на Медитеранот, како што многумина го нарекуваат, кипарскиот град Limassol е фасцинантна туристичка дестинација која вреди да се посети. Во него се спојуваат многу култури, а архитектурата на градот е комбинација на остатоци од средновековието и византискиот стил и сето тоа облечено во ново модерно запано руво. Кога на се ова ќе се додаде убавината на уличната уметност местото е вистинско уживање за сите сетила.

Limassol било омиленото место на Клеопатра бидејќи тука се правело највкусното вино од внимателно одбрано грозје. Подоцна виното познато под името `COMMANDARIA` ќе стане најпосакуваното вино помеѓу кралевите и нивните приврзаници.

Во оваа културна-туристичка и историска атракција според легендите била родена божицата Афродита, која настанала од белата морка пена.

Ако не знаете каде да биде вашата следна патувачка дестинација, топло ви го препорачуваме ова прекрасно место. Погледнете го и сами!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР