Пет филмови денеска, утре и задутре се прикажуваат во рамки на петтото издание на „Фестивал на тркала“. Фестивалските тркала тргнаа од 7 декември во Центарот за култура во Гостивар од каде се стркалаа во Центарот за култура во Неготино.

Во киното при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечерва на програмата се „Темна судбина“ и германскиот документарен филм „Хитлеров Холивуд“ и задутре ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Голијат“.

Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија.  

Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје.

https://www.facebook.com/festivalonwheelsmk/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваYouTube видеото “Rewind” го надмина “Baby” на Justin Bieber!
Следна објаваRoberto Cavalli: Кампања -пролет/лето 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР