Шер беше прогласена за кралица на поп музиката уште во 60-тите години од минатиот век, кога таа само што ја започнуваше кариера, но и по пет децении, таа цврсто се држи на сцената.

Шер во неколку наврати изјави дека се чувствува како млада тинејџерка.

Познатата пејачка ја откри тајната на нејзината завидна фигура, откривајќи дека и покрај тоа што има 72 години вежба повеќе од кога било.

“Јас се уште се чувствувам како дете, можеби тоа му помага на целиот мој изглед. Не сум инфантилна, но едноставно не се сметам себеси за возрасна личност”, изјави таа, додавајќи дека ни своите пријатели не ги смета за возрасни и дека нејзината душа е се уште многу млада.

“Сакам колачи и бонбони, но морам да се ограничам затоа што морам да влезам во костимите на настапите, така да внимавам што го јадам и не сум многу одушевена  од тоа, но тоа мора да биде така. Кога имав 40 години, не морав да го правам тоа, но сега морам и сакам”, изјавила Шер.

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕксклузивно објавување: Викторија Бекам на YouTubе со модни совети!
Следна објаваБела шик новогодишна декорација во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР