Дали сте знаеле дека Агата Кристи била фармцевт по професија? Креаторот на познатиот Херкул Поаро и Мис Марпле е една од најиздаваните писателки во историјата. Нејзините книги се преведени на повеќе од 100 јазици и тоа во повеќе од две милијарди примероци.

Ние во оваа прилика одвоиме за вас некои од нејзинте изреки, за кои мислиме дека ќе бидат интересни за вас!

  1. Немојте никогаш да мислите дека знаете што е подобро за другите.
  2. Животот не е толку долг за да ви стане досадно.
  3. Најголемата среќа во животот е да имате среќно детство.
  4. Паметниот човек ги чува своите размислувања за себе.
  5. Важните моменти секогаш ги забележуваме многу подоцна.
  6. Бидете уверени дека за се што многу сакате, мора да платите некаква цена.
  7. Жените ретко грешат во мислењата едни за други.
  8. Злото кое човекот го направил, уште многу долго живее по него.
  9. Високата репутација е примарна цел на измамниците.
  10. Најдобар детектив е случајноста.
  11. Кога станува збор за голема сума на пари, пожелно е да не се верува никому.
  12. Напорно е човекот да се стреми да биде секогаш во право.
  13. Разговорите се измислени за да го попречат размислувањето.
  14. Ако на вашите сништа не им било судено да се исполнат, треба тоа да го согледате навреме и да продолжите понатаму, а не да се фокусирате на скршените надежи.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР