Компанијата ИКЕА е позната по креирање на интересни и несекојдневни парчиња мебел и декорации, кои имаат за цел да ја зачуваат нашата планета и да го направат светот подобро место за живеење …

 Креативните луѓе од овој бренд секогаш се трудат на глобално ниво да ја променат ситуацијата во сектор за мебел, да го подобрат квалитетот на нашите животи и да го намалат своето влијанието на природата, доаѓајки заедно со своите соработници и малите компании до иновативни решенија за сите проблеми на модерното време.

Идеален избор за млади луѓе кои живеат во мали апартмани. ИКЕА ни нуди интересни решенија за секој агол во нашиот дом, кој има едноставна скандинавска естетика и минимализам, но истовремено ни дава можност да ја изразиме своја креативност.

Колекцијата SJÄLVSTÄNDIG е полна со шарени куриозити, како модуларни теписи, ногарки, перници, ленти, столови и вазни, при што секој дел е дизајниран за да ве инспирира, да создадете своја декорација, како свој одраз на стилот. Сите парчиња се создадени така што ќе ви понудат темел, односно основа, која треба да ве наведе самите да ја подобрите и развивате понатаму. Со овие производи од ИКЕА, можете да пробате нешто друго кое што ќе ви донесе среќа. Како што вели креативниот директор на ИКЕА, Марија Обрајан: “Опуштете се и изразете се”.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба во МоМА Њујорк – Архитектурата во Југославија 1948-1980 година!
Следна објаваГламурозна ревија на Elisabetta Franchi!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР