Потребна е храброст: да се напише роман, кој ги комбинира древната тајна на едно братство, Швајцарскиот совет на Европа за нуклеарна енергија, еден папски собор, таинствени амбиграми, заговор против Ватикан, еден луд научник во инвалидска количка, честички на антиматерија, авиони со способност од 15. 000 милји на час, лукави атентатори, атрактивна италијанска физичарка и професор на Харвард по верска иконологија. Потребен е талент: да се направи романот се, освен смешен.

Симбологистот Роберт Ленгдон е шокиран кога ќе најде доказ дека легендарното тајно друштво, Илуминати – посветено уште од времето на Галилео за промовирање на науката и осуда врз слепата вера во католицизмот – е живо и нажалост, убиствено активно. Брилијантниот физичар Леонардо Ветра е убиен на брутален начин, неговите очи се ископани, а на градите му е втистат античкиот симбол, нивната крипта. Неговото последно откритие, антиматеријата, најмоќен и најопасен извор на енергија познат на човекот, исчезнува за да биде скриен некаде под плоштадот Св. Петар во пресрет на изборот на нов папа. Роберт и Виториа Ветра, привлечна и мистериозна, ќерка а воедно и колега на физичарот, се приморани на избезумен лов низ улиците, катедралите, напуштените свети места и катакомбите на Рим, по линија на 400 годишната патека на таинствениот свод на Илуминатите, се со цел да се пречи согорувањето на цивилизацијата. Во меѓувреме, станува јасно дека на злокобното лице на Ватикан може да се препознае израз на сојузништво со терористите.

Браун се поставува како жонглер во својата авторска фотелја – постојат многу недоумици кои висат во воздухот на овој роман, но сепак тој успева да го наведе читателот во речиси надреална суспензија на неверување. Изобилството со факти, кои се покрепени со сомнителни извори, директното инволвирање на читателот низ римските улици и конзумирањето на секој детаљ од безвременската архитектура даваат помалку експлозивно филозофирање во поглед на бескрајниот судир помеѓу верата и науката. Спротиставувајќи научни терористи против кардинали на Ватикан,  Браун се издигнува на врвот на интригите на Светата столица, придружен со пресврти и жолчни шокови кои го држат читателот до недоумица до последното откровение. Експлозивното темпо на Роберт и Виториа ги води кон откривање неочекувана блискост, а материјата мора да се најде пред да екслподира…

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБоја на заборавени места | Peachbeach
Следна објаваНачос во форма на лажичка | Spoonachos
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР