Денес, да имате голема домашна библиотека, изгледа како сцена од дамнешна епоха. Сега, кога сите тие книги и списанија ни се достапни онлајн, стандардните книги изгледаат како стари предмети.

Се разбира, ова не значи дека треба да се ослободите од сите тие вредни книги или случајно, да ги отфрлите драгоцените книги.

Сè што треба да направите е да создадете простор каде ќе ги чувате, одржувате и изградите удобно место во непосредна близина за читање.

Нема ништо подобро од читање на вистинска книга. Читањето на интернет не може да се спореди со вистинското листање на страниците.

Постојат три основни работи што мора да ги имате, а тоа се прегледни полици, фотеља и доволно светлина, да се снајдете кога барате одреден наслов.

Можете да ги наредите по жанрови, па така на едно место можете да ги чувате крими романите, на друго белетристиката, стручната литература, речници …

Можете исто така, да ги наредите книгите по азбучен ред.

Чувајте ги вашите книги, исчистете го правот од нив и третирајте ги како да се реликвии. Како и да е, еден ден тие можат да бидат вашето најголемо наследство.

И како што некој кажал: “Книгите се студени, но доверливи пријатели”.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовремена мала куќа!
Следна објаваСкопје Сити Мол наскоро го прославува својот 6-ти роденден!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР