Out of – Претставување на новото дело на Жарко Башески

28 септември 2018 – Музеј на Град Скопје – од 20 – 23 часот

Денешниот начин на комуникација и добивање информација нѐ заробува во бескрајна јамка на виртуелни конекции и нѐ дисконектира од вистинскиот свет, оној физичкиот, оној што мириса на дожд, земја и трева.
Вон…
Нештата во кои се задлабочуваме се токму тоа што не вади…вон живот.

Ова е време во кое со свои очи сведочиме генерации кои се претвoраат во зомби, комплетно консумирани од лажни вести, наслови – мамки за кликови, „лајкни и сподели” култура, следење, отследување, твитер и инстаграм драма, лажно совршенство, недостапни цели, страв од тоа да не се биде доволно добар на интернет додека реалната страна во позадината на тоа престанува да биде важна.

Луѓе започнуваат врски за гледаност и лајкови, луѓе патуваат за повеќе следачи, луѓе купуваат неверојатно скапи куќи и автомобили за „претплатници” и најголемиот дел од нас се „дрогираат” со туѓа среќа за која првенствено не знаеме ниту дали е вистинска. И тогаш сфаќаме дека ниту имаме време ниту пак идеја како да ја изградиме нашата.

Ние сме живи, секако, но навистина ли го живееме животот на ваков начин? Дали е ова лош сон или лоша реалност од која треба да се разбудиме за да ги поставиме нештата како што треба?

Кога станаа нештата волку лоши? Туѓото мислење е толку важно и вредно за да ја смениме нашата вистинска природа. Ги гледаме луѓето како валута и туѓите лајкови како доказ за нашиот успех. Будни сонуваме да бидеме некој кој не сме ниту изградени да бидеме. Се споредуваме со големите инфлуенсери на социјалните платформи. Комплетно се губиме во свет на бројки и нотификации.

Сосема сме вон допир со реалноста! И има ли начин да се најде баланс?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕкстравагантни кружни кревети за гламурозна спална соба!
Следна објаваМанекенка која се бори против стереотипите!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР