Циметот е одличен зачин, бидејќи секој десерт од јаболки го прави магичен, а во есен и во текот на зимата е неопходен додаток за секој топол напиток. Со сето ова, ние не сме свесни за тоа колку е драгоцен за нашето здравје.

Циметот се користи како исклучително здрав зачин уште од античките времиња, а потекнува од Исток. Потврдено е дека го намалува нивото на шеќер во крвта без стимулирање на прекумерното лачење на инсулин, што е важен фактор во губење на тежината. Успешно ги топи мастите, го регулира варењето на храната, ги намалува триглицеридите и лошиот холестерол во крвта. Циметот е природен конзерванс, а кога се додава во храната го успорува растот и развојот на бактериите. Тој е одличен извор на манган, влакна, железо и калциум

И што е најважно, кога го употребуваме за витка линија, не треба да гладуваме.

За намалување на телесната тежина не треба драстично да го менумуваме менито, потребно е само во појадокот или ручекот дополнително да го вклучиме, малку цимет во јогуртот или една лажичка во пола литар зовриена вода. Варената напивка треба да отстои половина час и да се консумира секое утро на празен стомак.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДекорации во златна боја за вашиот дом!
Следна објаваУникатна футуристичка колекција на корејскиот бренд Oriyeеn!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР