Како до бели заби на брз и едноставен начин

Популарната изрека вели: „Насмевни се и светот ќе се насмевне со тебе“. Нема сомнение дека убавата насмевка остава силен впечаток за личноста. Да ставиме акцент на зборот убава. Како некој поседува убава насмевка? Се разбира, грижата и негата за забите придонесуваат за блескава насмевка, меѓутоа не може да се исклучат гените или пак начинот на живот, кои исто така влијаат на насмевката.

За да ги избелите забите самостојно и без да потрошите многу пари на препарати и третмани за белеење на заби, еве еден рецепт кој ќе ви помогне да ја добиете насмевката која ја посакувате.

Потребни ви се само малку бела паста за заби која ќе ја измешате во една лажичка со  сода бикарбона, потоа, една лажичка хидроген пероксид и пола лажичка вода. Целата смеса промешајте ја и мијте ги забите две минути.

Овој лесен третман користете го еднаш до два пати неделно додека да ги избелите забите. Откако вашите заби ќе станат побели третманот треба да го практикувате еднаш до два пати месечно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTribute Tourbillon Duoface нов модел на Jaeger-LeCoultre!
Следна објава5 природни маски за здрава и убава коса!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР