Благоја Дрнков, основоположник на македонската фотографија и документаристика почина на 31 јануари,2012 год. на 98 години. Тој е човекот на кого денес треба да му се благодарни многу луѓе, припадници на фотографските и кинематографските професии поради неговиот неизмерен придонес во документирање и неуморно истражување на македонските култура, традиција и уметност. Тој е автор на повеќе од 40.000 фотографии, сите огледала на македонскиот народ. Уште во неговите училишни денови, Благоја Дрнков почнал да се занимава со фотографија, вработувајќи се во фото-студиото “Фотоаматер” кога и првпат, во 1933 год. купува своја сопствена 9 милиметарска камера и кинопроектор, а по неколку години работење станува и сопственик на студиото. Има снимено многу филмски написи од културно-историско значење. Во текот на својот живот се има здобиено со повеќе награди меѓу кои “11 октомври” за животно дело во полето на филмот и фотографијата, награда за животно дело од друштвото на Ликовни уметници за применета уметност на Македонија, одликуван е со Медал за заслуги за Македонија а минатата година му била доделена титулата “Зограф на културата на РМ” од Министерството за култура. Истотака е признат и на светско ниво, со своите фотографии “Македонец” и “Бишка” кои го имаат обиколено светот и ја доближиле Македонија до него.

[signoff]

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕкстремна фотографија
Следна објаваПортрет-силуети во домот
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР