Уметноста на фенг шуи во модерните домови ширум светот, главно се базира на спални и дневни простори …

Иако е точно дека спалните соби имаат големо значение при одлучувањето за вкупниот енергетски проток на вашиот дом и за вашето благосостојба, таа е само една од трите простории кои можат да создадат позитивно движење во вашиот ентериер.

Другите две простории кои го создаваат ова есенцијално трио се купатилото и кујната. Не можеме да го пропуштиме фактот дека кујната, му доаѓа како срце и душа на секој дом, истовремено претставувајќи ја својата движечка сила.

Организација на кујнски простор
Можеме да кажеме дека ниеден амбиент во ентериерот не може да добие позитивно движење и чи, ако не е ослободен од вишокот, нередот и добрата организација. Кујната не е исклучок. Потрудете се вашиот простор за готвење да добие комплетно нови садови и додатоци, ако имате нешто скршено или застарено. Оштрете ги тапите ножеви и аксесоари и постојано чистете ги пултовите и работните површини. Ова ќе креира многу повеќе хармоничен простор, а истовремено и далеку поефикасен.

Огледала и осветлување
Огледалата претставуваат одличен начин за додавање енергија во кујнскиот простор, па дури и кога не се она што навистина им е неопходно. Паметно позиционирани огледала во аглите, секогаш можат да помогнат за да се додадете расположение во кујната. Комбинирајте го огледалото со вистинска рамнотежа на работното и декоративното осветлување, што ќе ви овозможи пријатна кујна која делува гостопримливо во секој момент.

Чисти работни пултови

Едноставно, вашите работни пултови треба да содржат само тоа што ви е неопходно. Кујнските пултови затрупани со апарати и аксесоари кои ретко ги користите, можат да направат неред и не-функционалност. Ова средување, исто така, го прави работниот простор дури и во малата кујна, да биде визуелно поширок.

Вистински бои
Кога станува збор за употреба на бои во кујната и фенг шуи, работите не можат да бидат поедноставни и поисправни. Бојата која ја користите во кујната традиционално е дефинирана во оваа древна филозофија, според ориентацијата и поставувањето на самата кујна во вашиот дом. Ова генерално значи дека кујните на јужната страна во ентериерот, можат да добијат потопли и живописни бои, како што се портокаловата и црвена, додека оние на запад, бараат топли, земјени тонови, како што се кафена и сива.

Енергијата на огнот

Одржувајте ја плочата на шпоротот чиста и функционална цело време, ова е основа која едноставно не можете да ја игнорирате. Користете ги сите рингли на регуларната  база и креирајте кујна која служи за вашите потреби во обем на личниот буџет.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Dreaming of Sicily” – колекција на Massimo Dutti!
Следна објаваНова колекција Reebok x Victoria Beckham!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР