Неограничениот потенцијал на уметноста секогаш ги гради културните и духовните мостови помеѓу народите. Јазикот на уметноста е еден и единствен, а идентификувањето со уметноста е секогаш присатно. Во духот на оваа културна соработка помеѓу две земји, на 26 јули со почеток во 12.00 часот во Музејот на Современа Уметност ќе биде изложена поставка со дела на грчки уметници кои биле подарени во вид на донации, а датираат уште од 1965 година, периодот на самото формирањето на музејот.

Како најзначајни имиња треба да се споменат Васо Катракис и Емануел Пиладакис. Најголемиот дел од оваа колекција се формира во 1970 година. Огромно влијание извршил и Јанис Гаитис, голем пријател на нашата земја и еден од најзначајните уметници во својата матична земја.. Неговата донација се состои од пет графики, еден објект и еден објект-слика. Подарените дела ги рефлектираат тогашните доминантни трендови почнувајќи од геомтриска апстракција па се до ОП и ПОП-АРТОТ.

Во колекцијата на Музејот на современата уметност се наоѓаат 47 уметнички дела од 34 грчки уметници:

Танасис Акривополос, Беба Ангелину, Кате Антипа, Ахилеас Апергис, Коула Бекари Јанис Гаитис, Биа Даву, Диоханди, Ахилис Друнгас, Ана Константину, Димитрис Ксоноглу, Ники Канагини, Лефтерис Канакакис, Христо Карас, Васо Катраки, Димитри Кондос, Панделис Ксагорарис, Статрис Логотетис, Димитри Митарас, Јанис Михас, Тониа Николаидис, Ѓоргос Николаидис, Емануел Пиладакис, Контарату Хотополу Сосо, Јоана Спитерис, Елени Статополо, Сотирис Сарагос, Василис Скилакос, Александре Фенос, Вангелис Фасинос, Мариа Хаџигаки, Опи Зуни, Елени Зерва, Кристина Зерву.

Некои од делата на Јанис Гаитис!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР