Женската лепеза или “ладало” уште во дамнешните времиња не преставувала само декорација или украс во рацете на дамите.

Таа била истовремено моден детал и елемент на покажување на престиж во општеството, но во некои источни земји како што е Јапонија таа се употребувала и како оружје, во рамките на борбените вештини како што е на пример кунг-фу-то, биле дизајнирани специјални метални лепези,(ладала) со ножови на врвовите.

Подоцна во XIX век лепезите почнале да се користат како еден вид на средство на невербална комуникација на жените со мажите. Во фламенгото на пример еден од главните елементи во кореографијата е лепезата. Таа се употребува за постигнување на совршен уметнички израз со кој се доловува екстраваганцијата на самата игра.

Интересен е моментот за лепезите дека тие во минатото се сметале за инструмент за кокетирање, односно преставувале таен речник на вљубените. Со нивна помош се закажувале љубовни состаноци, се изјавувало љубов или пак се одбивало нечија наклоност и сето тоа се разбира на еден невербален начин.

Многу од овие покрети се задржани и до ден денес, на пример во спотот на пеачката Џенифер Лопез златната лепеза е впечатлив моден детаљкој го нагласува гламурот и наклонетоста кон саканиот маж.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР