За помалку од месец дена започнува фестивалот “Exit” каде традиционално настапуваат звучни имиња од светот на музиката. На овогодинешниот список се наоѓаат како никогаш до сега многу познати музичари, а помеѓу нив е и феноменалната уметница и пејачка кoја со право го носи епитетот”жива икона”, Грејс Џонс. Автентична во своите настапи, таа е незаменлива појава и модна икона во модерната уметност. Нејзинииот настап на фестивалот ќе биде вистински спектакл кој не смее да се пропушти.

Exit фестивалот ќе сеодржи од 12 до 15 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а покрај Грејс ќе настапат и; David Guetta, Nina Kraviz, Martin Garrix, Ziggy Marley, Fever Ray, Solomon, My Baby, Tale of us и многу други.

Интересно е да се спомене овогодинешната крилатица на фестивалот која гласи: “Излезот е во слободата”.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР