Се наоѓаме во сезона кога се ужива во црешите и нивните бројни позитивни здравствени ефекти.

Црешите се консумираат самостојно, но исто така, може да се консумираат со разни јадења и колачи.

Прочитајте ги овие 5 причини зошто почесто треба да јадете цреши.

Тие се добри за видот и кожата
Уште една добра причина зошто треба да јадете цреши е тоа што ова овошје е одлично за видот. Црешите содржат многу витамин А, а дел од овој витамин е бета каротенот кој го подобрува видот и ги прави вашите очи позадрави. Ретинолот е уште еден дел од витаминот А кој ви помага вашата кожа да изгледа здрава и свежа. Црешите содржат 20 пати повеќе витамин А отколку јагодите и боровинките, па зошто тогаш да не ги јадете почесто?

Го зголемуваат нивото на енергијата
Со конзумирање на црешите на природен начин, му помагате на телото да добие повеќе енергија. Повеќето калории во ова овошје доаѓаат од природните шеќери во нив, кои го подобруваат вашето расположение и го зголемуваат нивото на енергија. Затоа, следниот пат кога ќе почувствувате пад на енергијата во текот на денот, земете  неколку цреши и веднаш ќе се чувствувате подобро.

Го подобруваат варењето
Поради големата количина на влакна, црешите го подобруваат варењето и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Само неколку цреши дневно, се доволни за саканиот ефект.

Го решаваат проблемот со несоницата
Ако имате проблеми со несоница, јадете цреши секојдневно за да ви се подобри сонот. Црешите содржат мелатонин кој помага да потонете во сон. Јадете цреши редовно и повеќе нема да пиете лекови за подобар сон.

Помагаат да се спречи рак
Дали знаевте дека редовното консумирање на цреши може да ви помогне да се изборите со одредени видови на рак? Црешите се полни со природни, моќни антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од рак и ги намалуваат ефектите на стареењето.

Затоа потрудете се оваа сезона да јадете колку што е можно повеќе цреши.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУникатен приказ на секојневието на еден уметник!
Следна објаваЛегендарната Grace Jones со свој настап на “Exit”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР