Традиционално, веќе неколку децении последователно секоја година се одржува годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности(ФЛУ).
Оваа година изложбата ќе се одржи на 17 мај во галеријата на факултетот, a на 18 мај во старата скопска чаршија во Сули Ан.
Во галеријата на факултетот ќе бидат изложени дела на студентите по вајарство, сликарство и ликовна педагогија. Во оваа прилика ќе бидат доделени и наградите “Борко Лазески” и “Четири мајстори на модернизмот”, како и наградата за највисок успех на студентите од завршната година на факултетот.
Вториот ден во старата скопска чаршија, поточно во “Сули Ан” посетителите ќе имаат можност да ги погледнат делата на студентите од катедрите по графика и модулите, реставрација, конзервација и графички дизајн. Покрај ова ќе бидат изложени и мозаици изработени по предметот сликарски техники.
Пријатниот амбиент ќе биде надополнет со музичкиот бенд Онија Блузерие.
Се гледаме на изложбата!
Posted by Студентска организација на Факултетот за ликовни уметности- Скопје on Sunday, 13 May 2018