Пред влезот на палатата Somerset која е лоцирана во центарот на Westminster неодамна осамна интересна уметничка инсталација на која британскиот уметник Michael Pinsky го престави своето уметничко дело инспирирано од огромните последици кои се присутни ширум светот и сето тоа предизвикано од зголемениот раст на човечкиот конзумеризам.

Инсталацијата со наслов “Pollution Pods” се состои од пет стаклени капсули поврзани една со друга. Во нив, верувале или не, се наоѓа воздух донесен од различни делови на земјината топка. Пекинг, Сао Паоло, Њу Делхи, Осло се само дел од местата од каде е донесен воздухот. Во секоја од овие капсули е сместена специјализирана опрема која ги детектира сите елементи кои ги содржи постоечкиот воздух и таа иста опрема го покажува различниот квалитет во истоимените светски метрополи.

Посетителите можат да направат јасна дистинкција за квалитетот на воздухот бидејќи капсулите се меѓуцесно поврзани, а со тоа како се движат тие и ја прават таа разлика.

Целта на оваа поставка има единствена цел а тоа е подигнување на човековата свест во зачувување на природата.

НЕМА КОМЕНТАРИ