Право на учество имаат сите поети од Македонија и Балканските земји. Се натпреваруваат во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години.

Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик (задолжително се доставува препев на македонски јазик од учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик).

• Темата е слободна

Песните се доставуваат во WORD документ и истите треба да бидат лекторирани.

• Изјава за авторско право-Секој учесник треба да се потпише со име и презиме, адреса и место на живеење, возраст и телефонски број за контакт.

Творбите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com.

• Рокот за пријавување е 5-ти мај, 2018 гoдина.

• Уредно доставените песни ќе ги оценува тричлена жири комисија, која ќе одлучува за наградите и ќе изврши селекција на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка.

Напомена: Авторите кои нема да ги исполнат во целост наведените точки во Конкурсот ќе бидат дисквалификувани.

Фестивалот „Литературни искри“ се организира по петти пат во чест на 24-ти Мај, Денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

Организатори се Здружението за култура „Дунек“ во соработка со Центарот за култура АСНОМ од Гостивар.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР