Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Михаела Јовановска

Михаела е аматер кој брзо се стреми кон професионализам.

На победничката фотографијаа е претставен врв од Шар Планина кој е сликан од Тетово, поливина час пред заоѓање на сонцето. Фотографијата е направена со апарат Canon EOS 700D, со објектив EF-S18-55mm. Должината на фокусот е наместен на 55mm, а брзината на блендата е 1/500sec со f 5.6.

Михаела можете да ја контактирате за соработка на нејзиниот e-mail: mihaela.jovanovska@outlook.com.

Image may contain: cloud, sky, mountain, nature and outdoor

Наде Станчева

Image may contain: 1 person, selfie and close-up

„Не се занимавам професионално со фотографија. Се сметам себеси како аматер во постојано истражување, желба за надоградување и спознавање на фотографијата како секојдневие каде што можеш да уловиш момент од свој агол на начин на кој ти самиот го доживуваш. Си играм на ова поле веќе четири-пет години и можам да кажам дека фотографијата ти помага да ги изостриш сетилата и да го воочиш секојдневието како што до тогаш не си го видел.“

Победничката фотографија е направена со мобилен телефон во Солун, на улица „Лададика“, а е едитирана со VSCO и Snapseed.

Наде можете да ја контактирате за соработка на нејзиниот Instagram, или e-mail: nadestanceva@hotmail.com.

Image may contain: one or more people and outdoor

Нена Петковска

(трет пат со победничка фотографија)

Image may contain: one or more people

Нена Петковска со фотографирање се занимава аматерски. Обожава уметност, па фотографијата е одличен начин да покаже нешто што на неа и се допаѓа или да го претстави начинот на кој гледа на нештата. Моментално фотографијата и е хоби, но би сакала понатаму да се занимавам со неа професионално.

“Сакам да фотографирам се. Тоа најчесто е природа, но кога имам повеќе време и можност фотографирам луѓе. Може да се каже дека фотографирање луѓе ми е најзабавно и предизвикувачки. “

Победничката фотографија е направена со апарат Canon 1200D, а е обработена во Lightroom.

Kонтакт со Нена можете да воспоставите преку нејзниот Instagram доколку сте заинтересирани за соработка на проект или пак за фотографирање на некој настан и слично.

За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата SEAT Arona добитник на престижната награда Red Dot Award: Product Design 2018
Следна објаваOcean Blue – проект на Роман Гранџер!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР