Плетенките станаа голем хит оваа пролет – ги видовме на сите модни писти, црвени теписи и познати глави.

Постои голема заблуда дека плетенките изгледаат добро само на средна или долга коса, а ние денес решивме да го побиеме овој мит. Најтрендовската фризура на сезоната, исто така изгледа одлично и на боб и на Pixie фризурите!

Подолу ќе најдете 7 плетенки кои докажуваат дека девојките со кратка коса дефинитивно можат да го носат овој тренд …

1. Полу-крената круна

Кренете ја косата на темето стандардно и украсете ја со оваа уникатна полу-крената круна од плетенка.

2. Француска плетенка
Направете едноставна и симпатична фризура со странична француска плетенка. Потребни ви се само 5 минути!

3. Холандски плетенка
Дури и со кратка фризура, оваа елегантна холандска плетенка можете да ја направите на својата коса!

4. Macramé плетенка

Lauren Conrad вели дека кратката коса нема да ве спречи да експериментирате со фризури – а оваа macramé плетенка го докажува тоа.

5. Плетенка од шишки
Ако сакате да ги отстраните шишките од лицето, ова е идеален начин за тоа.

 6. “Рибнина коска” – плетенка
Додајте малку фантазија на вашата боб фризура и направете рибина коска плетенка. Зацврстете ја со шноли или додадете украсна шнола во вашата коса!

7. Странична плетенка
Најобична, странична плетенка е секогаш добра опција на која можете да се потпрете кога немате друга идеја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВелигденски декорации во домот!
Следна објаваСензуалност и гламур во колекцијата на Coco de Mer!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР