Идилично светло скривалиште кое ќе Ве поврзе со зелените пролетни вибрации!

Image may contain: people sitting, table, plant and indoor

Пастелни тонови и изобилство од растенија го акцентираат ентериерот на ресторанот The Botanist во склоп на хотелот Fairmont Pacific Rim во Ванкувер, кој служи појадок, ручек и вечера како за гостите, така и за секојдневните посетители.

Дизајниран од Ste Marie, ресторанот е поделен на четири зони, со цел да се здобијат гостите со различно кулинаско искуство во секој од нив.

Зоните вклучуваат шампајнско фоаје кое е приклучено на хотелското лоби, каде розови и златни полици креираат поп – атмосфера која придонесува и тоа како во францускиот стил. Контрасно се искористени темните бои како темната зелена за подот и завесите и различните нијанси на сива за површините на коктел барот.

Image may contain: indoor

Малечката тераса формира внатрешна градина во која проникнува флора со саксии во кои се засадени растенија од различна големина, опкружени со светилки кои придонесуваат за самовилско – магичната атмосфера!

Image may contain: people sitting, plant, table and indoor

Главната зона доминира со палета од светли тонови меѓу розова и беж, додека столовите се обоени во пастелна сина. Нежната нијанса на розова е исто така искористена за проѕирните драперии низ кои продира бојата низ потполно стаклените надворешни ѕидови.

Image may contain: people sitting, table, living room and indoor

Некои од столчињата имаат силни цветни дезени кои совршено се вклопуваат со дизајнот на терасата и се истакнуваат на светлиот дрвен под.

Image may contain: table and indoor

Повеќето од растенијата се „расфрлани“ низ просторот, опкружувајќи ги столбовите и украсувајќи ги сите четири зони.

Вистински рај за да се будење на сите сетила за оваа пролет, нели?

Image may contain: table and indoor

Image may contain: table, plant, tree and outdoor

Image may contain: table and indoor

Image may contain: people sitting, table and indoor

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо Кино Култура на 2-ри април – Можна ли е уметност без пари!
Следна објаваХороскоп за ден 01.04.2018 година!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР