За старт, која е Ана Китанов?

Амбициозна и млада девојка од Кавадарци, која за времетраење од своите 24 години достигнува до статус *дизајнер на ентериер*, со предходна академска подготовка на Европскиот Универзитет, отсек дизајн на ентериер, генерација 2009. Моментално работи како конститутивен и неопходен работен елемент во Интер Проект дизајн студио, кое е истовремено нејзин сопствен и успешен проект. Живее и создава по основ убави нешта, дише во ритамот на естетиката, размислува и сонува за внесување и отелотворување на соодветна приказна во просторот, секако со нејзин печат. Преку нејзината работа таа отвора еден динамичен и уметнички поглед кон светот, при што ја презентира онаа креативна страна на животот.

* Дали креативноста е основна предизпозиција за уметничко ангажирање во ентериерот?

–  Мојата професија ја сметам за уметност и многу кретивна професија, едноставно потребно е само нешто да носиш во себе, еден дел од тебе кој ќе те води да си играш со нештата во просторот, потребно е еден поинаков поглед кон околината, поглед кој гледа убавина :) , креативноста знае да те одведе и до најдобрите нешта , но потребно е работа, потребно е многу труд, желба, работење на себе на својата перцепција за убавото, потребно е  да ја чуваш и градиш за да таа биде постојано отворена кон убавите нешта,и нормално потребно е прифаќање на луѓето околу себе,  да ја разбираш нивната психологија, едноставно малку  да умееш да ги читаш внатре, едноставно ме исполнува сето тоа.

*Од каде Ана црпи инспирација за ваков професионален ангажман?

–  Инспирацијата ја вадам од себе, ме восхитуваат убавите нешта, нештата кои имаат дух и кои даваат една уметност во просторот, врзана сум за естетиката и секое парче мебел или ламба ги гледам како уметност кое само по себе бара посебен третман во ентериерот, од таму и инспирацијата која одма ме води кон создавање на приказната во просторот, и така се создаваат моите дела каде оставам трага од себе си.

* Доаѓаме до точка каде симплицирано, мора да те запрашаме – зошто дизајн на ентериер од сите уметности?

Ентериерот е една посебна приказна во уметноста, во неа се бара уметност и функција, бара да внесиш душа во празен истовремено ладен простор, потребно е да ја раскажеш приказната внатре низ елементите, зидовите, светлото, многу е кретивна, истовремено посебна уметност, каде едноставно се пронајдов себе си, посебно сум креативна кога од нешто навидум навистина лошо создавам убавина, е тој момент е посебен за мене.

* Секако, покрај артистичката волја и предиспозитивните афинитети, кои се твои квалификации како млад и успешен дизајнер на ентериер?

Околу 2 години интензивно работам на уредување на внатрешни простори од секаков вид, моето студио ИНТЕРПРОЕКТ ДИЗАЈН СТУДИО работи на принцип од дизајн проект до крајна целосна реализација, со тоа што  имам и мал showroom во склоп на студиото со парчиња  мебел и ламби и тие елементи се на продажба што на самиот купувач му е многу полесно кога визуелно ја создава сликата за мебелот во неговиот простор. Инаку работам со неколку кај нас познати  фирми од продажба на софи, па се до тапети, ламби, завеси….каде едноставно наоѓам се што ќе посакам., а мебелот каде самата го смислувам за своите проекти оди специјално изработен за тој одреден простор, и така функционирам еве веќе 2 години, и сум задоволна од сето ова.

* На каков фидбек наидува Ана по повод сопствената посветеност на работата?

–  Она што го работам, создавам и креирам е се повеќе прифатено, задоволна сум со сето тоа што го работам и со резултати како фидбек на сето тоа, сепак за мене е посебно значењето да сум јас исполнета и задоволна е  тогаш знам што правам и со себе и со околината, и нормално фидбекот е бескрајно добар доколку сите сме задоволни.

*Колку македонските граѓани ги следат трендовите и воопшто, ангажирањето професионалец да им го уреди домот?

–  За разлика од  државите кои се на високо ниво на свест и култура, кај нас е малку потешко со прифаќање на нештата, посебно кога се работи за уметноста. Меѓутоа, гледам и наидувам на луѓе кое многу добро ја разбираат мојата работа, и посакуваат простор каде ќе живеат во  топла атмосфера, естетика, функција, простор што велам јас со приказна, а за да таа приказна да се создаде потребно е заедно да се внесeме во него јас со моите идеи и работи кои едноставно знам и умеам да ги создавам внатре, а инвеститорот со неговиот личен печат каде треба и самиот простор да биде создаден за него и да ја раскажува приказната на неговата душа, понекогаш знаеме и да не се слагамe нормално, јас со една, тие со некоја друга идеја, сепак на крај гледам да дојдам до точката на возвишеност. Сепак ретки се луѓето во нашата држава кои едноставно се open mind и кои едноставно се луѓе од кои можеш да извлечеш уметност, а навистина е добро кога гледаш луѓе кои живеат со култура  и уметничка свест, е тука сите би се слагале :) но сепак во последните години се повеќе ние дизајнерите имаме работа а тоа ме радува, значи свеста ни се крева  на едно повисоко ниво.

* Кој од твоите проекти може да се класифицира како твој најуспешен?

– Посебно ми е драг секој проект кој го работам, затоа што во тој момент ми создава инспирација и чуство и ми го одбележуваат баш тоа креирање во тој момент, и така секој проект за мене е едно посебно чуство кое ме врзува за нив. Успешен ми е проектот кога и јас и луѓето сме на крај задоволни, а за  среќа досега се оди по тој ред, и да не оди на почетокот на крај го правам така да биде :)

* Дали Ана би можела да издвои која просторија и е најдрага за уредување?

–  Кога работам самата испирација ме води, таа ме води и дури понекогаш претерано знам да останам и да се борам со една ситница во просторот при тоа оставајќи ги настрана останатите работи, и на крај од сето тоа создадам нешто навистина добро, па тогаш мора и останато да го правам уше подобро што сум го направила дотогаш релативно добро :) , и така меѓутоа во принцип гледам и се водам кон сето тоа да секој дел од просторот има своја приказна, кога зборуваме за ентериер на приватни станбени простори, тука за мене секој дел е посебен, секој агол треба да е животот на човекот во него, и многу е важно во што живееме тоа не одсликува самите нас, не ја сакам монотоноста, сакам секој дел секоја просторија од просторот да ми е една посебна приказна, само така успевам да создадам уметност, кога ја имам приказната во себе, секоја агол е за мене посебно важен, дури ми е жал за простории каде луѓето воопшто и не се ни потрудиле да создадат внатре нешто, да создадат приказна, да создадат личен печат а тоа верувајте ми не се прави со пари, тоа се прави со она што го носиме во себе, многу е битно како го живееме животот и со каков поглед го гледаме, а јас за среќа го гледам со вистинскиот поглед според мене.

* А сега, мало артистичко предвидување: кои бои и кои стилови ќе преовладуваат како тренд во 2012?

– Со трендовите и стилот во ентериерот баш и не се водам многу,  постојано ги следам тие нови трендови на бои,  гледам да мешам и трендови и бои,  со стиловите можам да мешам само кога станувам збор лично за мене, секој баш и не го прифаќа сето тоа , луѓето во принцип се комерцијални, што гледаат кај сосетката или на тв и веднаш  копирање се прави, гледам да ги одвлечкам од сето тоа, баш мене и ми здосади постојано да ги гледам тие црни и бели и сиви  тонови кои луѓето ги копираат во последните неколку години, од толку бои навистина се прави уметност кога ќе се испомешаат нијанси, тонови, материјали, дрво, инокс, па навистиа се создава  убавина, уживам да правам нешто што го нема ни кај сосетката ни на тв, каде го има во мене, или пак во луѓето кои ќе живеат во просторот. А ако мене ме прашувате јас лично за себе и сакам и мешање на бои кои не се тренд, и комбинирање на стилови од минатото па се до футуризмот.

*За крај, дали би ни наговестила дел од своите планови за поблиска/подалечна иднина?

–  Носам во себе уметност, создавам уметност, креирам убави нешта, а сето тоа доаѓа од внатре, ме иснпирира убавото сонце, го сакам неговиот сјај, уживам кога сум исполнета со нештата кои за мене се посебни, кога луѓето околу мене се задоволни, кога едноставно се функционира онака како што јас го креирам, е тоа се плановите за во идина, сето тоа да биде така како што е, да се создаваат дела и убави простори, и да уживам во нив и јас и луѓето во нив.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДами од картон | Christian Tagliavini
Следна објаваБезопасно оружје | Kyle Bean
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

4 КОМЕНТАРИ

  1. Би сакала да постојат повеќе вакви личности… честитки за сработената работа, честитки за сајтот :)

  2. Nema da napisam koj znae sto osven sto mi e milo deka vaka mlada licnost uspesno go krci patot kon uspesnoto so pogled napred a i ova e vazno me raduva i toa sto ovaa uspesna mlada licnost e od Kavadarci.Pa mlada damo prodolzi so tvoite pogledi kon ona sto go posakuvas i samo napred so golem pozdrav.

  3. Cestitki do Vasata strana i avtorot,sto promovirate mladi i talentirani umetnici-kreativci.Ana cestitki za tvoite umetnicki pogledi kon dizajnot i kreativnosta,pravejki od racionalnoto sekojdnevie umetnost ili kako sto velis prikazna.Ti posakuvam uspeh vo tvojata prikazna a na tvoite klienti uzivanje vo istata.

    • Задоволството е обострано, а особено не радува кога иста емоција се буди и кај нашите читатели – Ви благодариме на убавите зборови, Дивиан Артс во инстант ја процени Ана како вистински Млад креативец во подем.
      Ви посакуваме секое добро, продолжете со уживање на нашиот сајт!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР