Реномираниот италијански луксузен бренд Bvlgari, скоро го продаде својот најскап парфем Bvlgari Opera Prima, по цена од 250.000 долари …

Како што можете да претпоставите, оваа цена го направи овој парфем најскап на светот. Овој уникатен мирис е создаден како дело на професионалната дизајнерка за парфеми Danielа Andrier, но оваа приказна првенствено е посветена на неговата амбалажа.

Пакуван во ексклузивно шише што е дело на уметник од брендот “Venini”, инспириран од римските амфори, овој парфем е нагласен со 250 карати цитрини, 4,45 каратни аметисти и 25 каратни дијаманти. Иако ова не е парче накит, тоа е украсено со скапоцени камења, кои внимателно го задржуваат парфемот кој e внатре.

Парфемот Bvlgari Oprema Prima беше претставен на светот пред четири години и од тогаш, беше изложен во стоковната куќа Galeries Lafayette Haussmann во Париз.

Приватниот клиент бил многу среќен што може да си го дозоли овој парфем, кој има медитерански дух, со ноти од лимон, цвет од портокал, мошус и флорални вибрации.

Цената од една четвртина милион долари е сигурно неверојатна, особено кога станува збор за парфем, но секој производ го наоѓа својот купувач, нели?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЏемперите со волани го освоија Интернетот!
Следна објаваФантастична JIMMY CHOO X OFF-WHITE колекција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР