Поради големиот интерес за барање дополнително време за испраќање на видео биографија, Скопје Сити Мол го продолжува рокот за аплицирање на огласот за официјален влогер. Сите заинтересирани што се пронајдоа во огласот за работа: официјален влогер на Сити Мол треба да снимат и да upload-ираат свое видео CV и истото да го стават на фејсбук страницата на Сити Мол со хаштаг #citymallvlogger најдоцна до 08. март. Со таа цел, ги известуваме сите заинтересирани од 13 до 27 години, кои не успеале да стигнат да направат или испратат свое видео CV, дека Скопје Сити Мол го продолжува рокот со цел да им излезе во пресрет и да добијат шанса да покажат зошто сакаат да ја работат работата од соништата.

 

Понатаму при селекцијата следат вкрстени критериуми: број на лајкови, но и жири комисија кои ќе ги селектираат најдобрите 20 потенцијални влогери.

Идниот влогер ќе ги има следните бенифиции:

  • Работен простор во модерно опкружување со софистицирана опрема;
  • Вклученост при носењето на одлуки за кампањите на Скопје Сити Мол;
  • Месечен хонорар;
  • Покана за сите премиери на кино проекции;
  • Ваучери за шопинг во локалите низ Скопје Сити Мол;
  • Ваучери за содржини за забава (куглање, аркадни игри, билијард, ласер таг …)
  • Билети за најдобрите настани во регионот (концерти, фестивали и сл.)
  • Професионален тим (стилист, сопствен ПР тим)
  • Личен возач

 

Повеќе информации на: http://skopjecitymall.mk/vlogger/

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВолуминозната опашка е хит на модната недела во Лондон!
Следна објаваПорцелански шољи со забавни пораки!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

2 КОМЕНТАРИ

  1. bobi Veljanovski me interesira za Vloger sto barate video sami da se snimame ili ne e pojasneto ubavo vo tekstot sto potocno treba da se prati sv pa ako sakate da mi objasnete poz imajte ubav den.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР