“Прашање на вкус” е книга од наградуваниот италијански фотограф Fulvio Bonavia, во која се изложени негивите концептуални фотографии од храна претворена во модни додатоци. На пример: еспадрили направени од пченка, ремен од шпагети, обетки од чоколадни бомбони и сл.

Она што е интересно, е тоа дека Bonavia сосема сам го доработува уметничкиот и дизјнерскиот сензибилитет на секоја од неговите фотографии, така што тие изгледаат токму онака како во неговата фантазија.

Па колку и да се неносливи овие модни додатоци, сите ќе се согласиме дека се навистина оригинални.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Израдувајте некого денес!
Следна објаваНема кондоми-нема секс!
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

1 коментар

  1. Ме бендиса каишот од гирици, прстенот со пршута и ташната од брокули. Морам да признам дека ми се пријаде. Ем слатко изгледаат ем вкусно..

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР