Šargarepa poboljšava vid - istina ili mit?

Со години, слушаме дека морковите му помагаат на нашиот вид и дека ја штитат мрежницата …

Сето ова благодарение на бета-каротенот, кој се наоѓа во морковите, а во нашето тело се претвора во витамин А. Но, дали морковот навистина значително влијае на видот?

Прво, митот за влијанието на морковите се појавил во средината на минатиот век. За време на Втората светска војна, Британците ги рашириле гласините дека нивните пилоти имаат совршен вид благодарение на специјалната диета со витамин А. Ова било направено за да се заштитат од непријателот.

Покрај тоа, во 1941 година, британското Министерство за храна започнало рекламна кампања која ги поттикнува луѓето да јадат повеќе зеленчук, како што се морковите и компирите. Во меѓувреме, во САД, на телевизија, зајакот Душко Долгоушко со морковот во раката, исто така ги “промовираше” придобивките од зеленчукот.

Морковот навистина може да го подобри видот, особено ретката болест наречена nyctalopia – ноќно слепило, предизвикано од недостаток на витамин А. Но, овој проблем е релевантен за жителите на сиромашните африкански земји кои немаат витамин А во исхраната, особено кај децата.

Заклучокот е следен: ако некој јаде нормално, тогаш не му е потребна дополнителнo консумирање на моркови. Но, се разбира, никој не ви забранува да ги јадете, бидејќи бидејќи се одлична опција за здрава ужина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваStatement обетките повторно се во мода!
Следна објаваСофистицирана пролет со CHANEL!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР