Како што е познато архитектурата и модата се повеќе од слични по многу нешта, како што е проучувањето на формата и структурата, како најважни елементи на естетиката. Голем број од познатите светски модни имиња кои завршиле архитектура, подоцна во градењето на својата кариера се определиле за модата и модниот дизајн. Овој вид на образование им помогнал да се усовршат во  дизајнирањето на модните парчиња, за подоцна да станат врвни мајстори во својата струка.

Начинот на дизајнирањето е секако стекнат и усовршен како резултат на знаењето, добиено од умешноста за обликување на просторот, кој подоцна се рефлектира и во изведбата на модните креации. Ви ги преставуваме трите светски модни имиња за кои не сме сигурни дали сте знаеле дека тие се по професија архитекти.

Pierre Cardin

Пред неговото вработување во “Paquin” “Schiaparelli” и “Dior” Pierre Cardin кратко време студирал архитектура од каде всушност го добил и истенчениот вкус за пропорции како и структурата на нештата. Тој уште од мали нозе точно знаел со што сака да се занимава, но сепак се запишал на архитектонските судии на “Escole Des Beaux Arts”. во Париз. За многу краток период тој ги напушта студиите и се враќа на својта прва љубов, а тоа е модата.

Tom Ford

Стуиите ги започнал на познатиот универзитет “Parsons”. На последната година од своето студирање тој сфатил дека со модата ќе му биде многу полесно да ја изрази својата креативност и затоа, тој ги напушта студиите и почнува да работи во модната индустрија.

Mary Karantzou

Оваа млада дизајнерка која постојано не воодушевува со своите модни креации, го започнала своето школување на “Rhode Island School”, за неколку години потоа, да се префрли на познатиот “Parsons” каде завршува моден дизајн.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР