Инспирирајќи генерации автори, сценаристи и поети со своите приказни и стихови кои постојано се користат за современи филмови, песни и книги (само на момент сетете се на „10 работи што ги мразам кај тебе“, многуте верзии на Ромео и Јулија или пак култниот „Кралот Лав“), Шекспир останува безвременски да живее и во 2018. Покрај инспирацијата, овој книжевен великан е заслужен за многу нови зборови за англискиот јазик – но, и за раѓањето на неколку големи уметнички дела, создадени од мајсторите на платното.

  1. John Everett Millais – Ophelia


Хамлет како инспирација: познатото дело од периодот пред Рафаел, кој ја прикажува Офелија која се дави околу венци цвеќиња со дополнителна симболика – смрт, невисност, љубов, верност. Со еден поглед понатаму, воочлив е спектарот на черепот во десниот агол на сликата.  Истата е завршена помеѓу 1851 и 1852 година и стои во Tate Britain, во Лондон. Иако се вели дека сликата не високо ценета кога првпат била изложена на Кралската академија, но од тогаш милјарда луѓе се восхитуваат за неговата убавина и нејзиното прецизно прикажување на природниот пејзаж. Оваа сцена е опишана во Акт IV, Сцена VII во говор на кралицата Гетруд.

2. John Singer Sargent – Ellen Tarry as Lady Macbeth



Инспирација од Магбет: веднаш по улогата на Елен Тери како Лејди Магбет во Lyceum Theatre, во Лондон 1888  каде што сликарот бил присутен на премиерата (29.12.1888) и веднаш по тоа, го насликал ова култно ремек-дело. Причината за оваа брза реакција по инспирацијата била наметката на глумицата – спектакуларна изработка, извезена со злато и украсена со 1.000  крилја од смарагдни буби (sternocera aequisignata) кои најчесто се користат за изработка на накит. Платното е високо 221 см и има широчина од  114.5 см, со тешка златна рамка со келтски мотиви.

3. Daniel Maclise – Othello and Desdemona



Инспиративно, од Отело: сликата ги прикажува Отело и Дездемона, додека Јаго демне во сенките. Боите се толку енергични, а деталите толку добро скроени. На некое изненадување, широката веб-мрежа на информации не нуди полемика околу деталите за ова дело.

4. Joseph Noel Paton – The Reconciliation of Oberon and Titania



Сонот на летната ноќ во инспиративно издание: има ли нешто што не е магично во оваа приказна? Оберон и Титанија по повторната средба се подготвуваат да ја решат магично предизвиканата конфузија помеѓу двата  љубовници. Инспирацијата на сликарот е всушност, продолжение на неговата дипломска слика за расправијата на волшебните владетели.

5. Edward Austin Abbey – Cordelia’s Goodbye


Инспирирано од Крал Лир: Оваа слика во фокусот ја држи Корделија која е протерана од страна на нејзиниот татко, како резултат на нејзиното одбивање да ѝ додворува. Нејзините постари сестри, Реган и Гонореил, гледаат додека кралот на Франција ѝ ја бакнува раката и истовремено се восхитува на нејзината искреност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеколку цитати од Толкин!
Следна објаваСвечен Мимоза коктел од брусница и вино!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР