Црвениот капут кој го освои Instagram и е на врвот на новогодишните и божиќни желби на сите модерни жени.
Станува збор за капут на Banana Republic, односно, од соработката меѓу брендот и Оливија Палермо. Во 2016 година, овој бренд ја номинираше оваа модна икона за свој глобален амбасадор на стилот.
Вистинската ѕвезда на таа соработка е црвениот капут во кој сите блогерки, а и ние, се заљубивме. Волнениот капут кој паѓа под колена е украсен со интересни и впечатливи златни детали.
Долгите ракави се дополнително истакнати со златни копчиња и везови, кои се протегаат по целиот капут.