Одморите од соништата, традиционално се сместени во некои тропски предели со егзотични плажи и палми …
Сепак, во последно време необележените области на постудените климатски средини, како што се Исланд, Антарктикот и Арктикот, стануваат сè попопуларни во светот на богатите патници.
Студените дестинации стасаа на врвот на листата на најпопуларните патувања и во предвидувањата на луксузната туристичка мрежа Виртуозо, која се занимава со идентификување на петте трендови во светот на патувањето за следната година.
Патниците кои ги посетија (и по неколку пати) најубавите плажи и одморалишта на светот, сега сакаат нешто поинаку, па се упатуваат кон Аљаска, Антарктикот или Арктикот. Спектаклот на Аурора Бореалис, исто така станува популарен, како и одмори во иглоа или хотели од мраз.
Африка како дестинација се наметнува во секој случај, бидејќи африканскиот сафари е на бројните списоци на желби. Исто така, патниците се повеќе се свртуваат кон вистинско запознавања на земјите – тие сакаат да бидат истражувачи и да се запознаат со локалните култури на дестинациите кои ги посетуваат, а не да бидат само обични туристи кои сакаат да ги видат само најпопуларните работи.
Конечно, ви го претставуваме нивниот список на дестинации кои ќе бидат многу популарни следната година.
Најдобри “нови” дестинации
1. Исланд
2. Хрватска
3. Јапонија
4. Куба
5. Португалија
Најдобри глобални дестинации
1. Италија
2. Исланд
3. Јужна Африка
4. Франција
5. Австралија и Нов Зеланд