Кон крајот на оваа година во галеријата Мома ќе се отвори изложба посветена на модата!
До 28 јануари 2018 година во галеријата МоМА ќе трае изложбата насловена „Items: Is Fashion Modern“ .
Музејот на модерната уметност ќе ја отвори својата прва модна изложба по повеќе од 70 години, зборувајќи стории за облеката и модните додатоци што ја формираат основата на тоа што го денес го облекуваме.
На изложбата ќе се прикажат 111 предмети како што се фармерки, кожни јакни, одела, фармерки Levis 501, мал црн фустан, бисер ѓердан, Converse All-Star и слично, накратко, предмети што влијаеле во светот на модата во 20 и 21 век. MoMA покренува голем број прашања со оваа изложба, не толку дали е модерно или не, туку како функционира, како не обликува и како функционира таа во светот.
Иако боло потребно повеќе од седум децении да се отвори оваа модна изложба, Паола Антонели, постар куратор на изложбата, работела на “Објектите” точно 23 години, поточно. од кога била вработена. Со само едно парче облека во тоа време, донираниот фустан Фортуни, Паола успеала да собере 111 предмети кои ќе бидат прикажани на целиот 6-ти кат. Изложбата е поделена во различни категории поврзани со модата, статусот, националниот идентитет и слично.