Предмете на кои може да заштедите при уредување на домот!

Предмете на кои може да заштедите при уредување на домот!

 

Кога станува збор за домашното уредување, секогаш е добро да се послушаат мислењата и советите на професионалеците.

Ако сте во ситуација да го уредувате вашиот стан, куќа или можеби викендица, ние сме убедени дека сте пресреќни и возбудени, но тоа може да ве доведе до непромислени купувања. Секогаш постојат парчиња на мебел или предмети за во куќата, за кои вреди да се плати нешто поскапо, бидејќи на долг рок ќе имате поголема корист. Сепак, многу често, како при купувањето на облека, знаеме дека сме импулсивни и трошиме повеќе пари отколку што очекуваме, на ситници кои и не се толку важни. Elle Decor составија кратка листа на предмети за кои дизајнерите на ентериери тврдат дека се совршени предмеети на кои можеме да заштедиме.

“Иако постојат работи во мојата куќа на кои никогаш не би штедел, тешко ми е да дадам премногу пари на прибор за јадење. Toa се работи кои секако, најкратко траат во мојата куќа, а ќе настрадаат од мене или децата. Јас секогаш купувам евтин прибор со едноставни и чисти дизајни кои ги кревам на повисоко ниво со моите кулинарски ремек-дела, а повеќекратните ротирачки комплети, ќе ја направат вашата маса забавна преку цела година. “Patrick Ediger

“Честопати сакам да ги менувам декорациите во мојот стан, па иако инвестирам во парчиња кои ќе траат цел живот, сигурно може да се заштеди на ситните декоративни предмети“.  Nicole Gibbons

“Јас сум колекцинер на витиџ опрема за мини бар, но ја мешам со евтини стаклени предмети кои се практични за секојдневна употреба, за домашни забави и за перење во машина за миење садови. Кога некои од овие предмети ќе се скршат, а не од оние витиџ, тогаш сум заштитена од срцев удар “.  Lindsey Coral Harper

“Супер трик на заштеда е купување на употребени предмети што подоцна можете да ги пресоблечете и реставрирате. како што сакате” Taniya Nayak

“Сакам да заштедам на декоративните или ноќни масички, кои најчесто се користат, а секако, на нив бргу се појавуваат гребнатини. На нив наредете книги, ставете букет од убави свежи цвеќиња, и никој нема да ги забележи гребнатините. Justina Blakeney

“Никогаш не користам скапи ткаенини за софи и каучи во дневната соба, особено во домовите со деца и домашни миленици. Ништо што мора да се носи со секојдневното користење, не може да трае вечно “.Justina Blakeney

 “Кога купувам евтино, тоа се секогаш декоративни перници, тие се фрлаат и обично завршуваат на подот” Joy Moyler

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗабавна книжевна реклама, базирана на филмски препораки
Следна објаваВашиот омилен град на прст!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР