Боите, шарите и текстурите создаваат фантастична атмосфера во оваа обоена кујна во Монтреал, која е инспирирана од внатрешноста на француските бистроа.
Иако сопствениците првобитно инсиситирале на бела кујна, биле одушевени кога дизајнерот Филип Кот им го покажал темно синото решение за елементите во кујната. Бил сигурен дека ќе им се допадне.
Инспирирани од пријатната атмосфера која владее во оваа кујна каде што почнува денот, сопствениците сакале исто така, да создадат релаксирана и романтична атмосфера за попладневното пиво и помфритот.
Интересен шик амбиент на материјали кои креираат богат амбиент, каде совршено се вклопуваат рачно боените марокански плочки, отворените дрвено полици, синиот дрвен кабинет и елегантните плочки со шара на рибја кост, со кои е поплочен делот над работните елементи и садоперот. Стаклената врата води кон дворот и дозволува светлото да го освежи и пополни просторот. Во аголот има и остава која е привлечна и функционална.