Дали сте запознаени со првото дело на познатиот архитект Antoni Gaudi?

Casa Vicens е првиот дом направен по планот на Гауди. Изграден некаде измеѓу 1883 и 1885, овој дом беше во приватна сопственост се до 2014, кога беше купен од MoraBanc, за по две години реновирање и реставрирање, конечно овој октомври да биде достапен како културен центар за вљубениците на архитектурата во магичната Барселона.

Casa Vicens е од исклучителна важност, затоа што ги обележува почетоците на Neo-Mudéjar – стилот и конечно го комплетира патот на Гауди, кој минува и низ базиликата Sagrada Família, која покрај што е неговото најпознато дело, претставува и симбол на архитектурата во Барселона.

Реставрацијата започна во 2015, водена од архитектите José Antonio Martínez Lapeña и Elías Torres од студиото Martínez Lapeña-Torres Arquitectes и David García од Daw Office.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРетро стил во домот!
Следна објаваНов бран креативци – освежување на македонската мода
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР