Вечерва со почеток во 20:00ч во Јавна соба ќе се одржи изложба на фотографии од Александар Димитровски насловени како “Темјанот и несвесното – стапица за за нераскажани приказни”.

За оваа изложба на фотографии на Александар Димитровски, накусо даде осврт Бојан Иванов – историчар на ументност:

Сетилата ја бележат минливоста на формите, нивната нетрајност во времето. А помнењето…тоа е претстава за некоја настојчиво присутна состојба, за некаква секогаш наново прераскажана ситуација во просторот на искуството. Густиот чад од кадилницата и тешката миризба на темјанот се само проста стилска фигура, обична суровина за илузтрација на плитките темели под длабоко врежаните сеќавања. Значи, еве ја задачата: да се фотографираат спомените за коишто не постоат други сигурни сведоштва освен самата фотографија”.

Влезот за изложбата е слободен за сите љубители на уметничката фотографија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМермерот, традицијата и новиот дизајн создаваат совршенство!
Следна објаваAlexander McQueen – модна колекција есен 2017!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ