Според најновите истражувања на World Happiness Report, најсреќна земја на светот е Норвешка, која оваа година ги прескочи трите скали до врвот и со тоа ја замени Данска.

World Happiness Report –под покровителство на UN секоја година ги повикува сите земји на светот да развијат општествена доверба меѓу популацијата и да промовираат еднаквост, за да ги подобрат условите на своите граѓани. Извештајот се темели на годишната анкета од 1000 испитаници во повеќе од 150 земји во светот, на кои им е поставено прашање – да рангираат колку се задоволни со животот во нивната земја, на скала од 0 до 10.

За истражувањето, користени се 6 фактори кои влијаат на одговорот на испитаникот: БДП по жител, животниот век, подршка од пријателите и роднините, донирање во добротворни цели, слобода на изборот и количина на корпоративните корупции.

На трето место се наоѓа Исланд со Швајцарија и Финска, потоа следат Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска. Во земјите на врвот на скалилото најважните фактори се среќата, слободата, грижата, здравјето, како и великодушноста.

Луѓето од Африканската Република најмалку се задоволни со својот живот и рангирани се на дното од скалилото, завземај’и го 155. место, пред Бурунди, Танзанија, Сирија и Руанда.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAlike | Живот во боја
Следна објава“Sicily my love”колекција на апарати за кујната -дизајнирана од D&G!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР