Дизајнерското студио SABO го реновираше парискиот стан на една млада дизајнерка и креираше идеален модерен дом од која секоја млада личност би била воодушевена.

Станот се наоѓа во историскиот париски дел Montmartre, а редизајн на просторот вклучуваше неколку вметнувања: на мулти-функционален sид кој служи како скалило, плакари и полици, како и клизна преграда. Скалите совршено се вклопија во мледешката атмосфера, која се забележува на прв поглед.

Просторот изобилува со природно светло се до средина на ходникот, а белите подлоги го прават дупло поголем просторот од колку навистина е. Во кујната се наоѓа мини вертикална градина со свежи ароматични растенија, а челичниот садопер и подлога ја прават кујната како професионална. Силните бои на подот се составени од 25 гумени ленти во 14 различни бои. Дизајнот е одличен, а зградата во која се наоѓа станот е посебна приказна.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзвонредна пролетна понуда на кревети во Југоекспорт стил со намалени цени!
Следна објаваФото на денот | Меѓу облаците
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР