Ако мислевте дека е невозможно да се биде дел од урбаниот живот и од природата истовремено, оваа куќа ќе ви го докаже спротивното. Станува збор за идеја на архитектот Зоран Бодрожиќ кој проектираше модерна куќа сместена на врвот на планината Pötzleinsdorfer во Виена. Куќата нуди преубав поглед кон Виена, а во исто време и глетки кон прекрасно зелено опкружување. Однадвор, куќата е целата со стакло, а ентериерот е модерен и минималистички. Преовладуваат црна, сива и бела боја надополнети со дрвени сегменти. Куќата е опремена со елегантни дизајнерски парчиња мебел што дополнително го оплеменува големиот простор како во ентериерот, така и во надворешниот дел. Погледнете во продолжение.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Pink Star” – може да биде најскапиот прстен со дијамант на светот!
Следна објаваНови мијалници – FLOwer Evolution!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР