Како дел од истражувањето спроведено во Сардинија од страна на Fondazione di Sardegna, уметникот Џанлука Васало се посветил на темата депопулација и ги претставил желбите, погледите и зборовите на луѓето кои што живеат таму.

Неговиот најнов проект, Невидливиот град (La città invisibile), го адресира проблемот на депопулација на Сардинија.

Бидејќи и самиот потекнува од Сардинија, Васало научил како да разговара со тој предел и да погледне подлабоко во мислите на луѓето на тој остров. Се занимава со социјална работа и одбрана на луѓето и на местата каде што тие живеат.

Како резултат на истражување спроведено во 2013, откриено било дека 31 општина е осудена на исчезнување во тек на наредните 60 години. Невидливиот град е патување на уметникот низ Сардинија, со помош на младиот фотограф, Николо Галеаци, во 10 општини, избрани меѓу оние 60. Овој проект е дел од истрага која ја комбинира уметноста со научното истражување. Патувањето е средба со луѓе, оние луѓе кои исчезнуваат заедно со нивните градови и села.

Џанлука Васало ја користи уметноста како медиум преку којшто може гласно да искаже порака. Неговата невидлива лутина станува видлива кога ќе ја претстави јавно и кога е веќе невозможно да се потцени.

Заедно со фотографската работа, снимено било и видео со истиот наслов, Невидливиот град. 

Во овој момент, 50% од светската популација живее во урбана средина, а до средината на овој век проценето е дека 80% од популацијата ќе живее во големи градови. Овој феномен ја зафаќа и Сардинија, каде што целата популација се сели од внатрешноста, каде што има недостаток од економски ресурси и квалитетот на животот е низок, кон брегот или пак целосно го напуштаат островот.

Преку Невидливиот град, Васало дал шанса да се зборува со луѓето во речиси празните градови и села кои што се под закана да бидат избришани од географската карта. На овој начин, можат да се разберат причините за миграцијата и да се пронајде решение за проблемот, преку кое ќе се овозможи луѓето да останат таму каде што се.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР