Верувале или не? Тетоважите – пеги – точки…. почнаа да се појавуваат на сите социјални медиуми – а ние мора да признаеме дека изгледаат симпатично!
Идејата тетовирање, во козметиката не е ништо ново (веѓи, уста, eyeliner), на луѓето очигледно им се допаѓа идејата за тетовирање на овие мали смеѓи точки, кои се од полутраен карактер. Со време бледеат и по неколку месеци изгледаат како природни. Траат отприлика 2 години, а потоа потполно се губат, а во меѓувреме можете да уживате во овој нежен и неодолив изглед кои го оставаат на лицето.