Сите ние имаме право на свој став. Нашите мисли се само наши и ние самите одлучуваме како ќе се однесуваме. Секој наш збор, секоја реченица што ќе ја напишеме на социјалните мрежи зборува многу за тоа какви сме навистина. Почитувајте се меѓусебе, бидете убави од внатре. Помислете на другите и само така секогаш ќе бидете среќни.

 

Ова се зборовите со кои младата Ксандриа Ои започнува едно од своите видеа. Таа е новинар и мотивациски говорник од Малезија кој со своите обраќања на каналот на YouTube им помага на луѓето да најдат инспирација и да извлечат поука од нејзините ставови за животот. Со широка насмевка на лицето, Ксандриа шири позитивна енергија во секое видео и воедно испраќа силна порака за моќта на зборовите, мотивацијата, среќата и вистинските вредности. Ние ви претставуваме едно од нејзините видеа, а останатите може да ги погледнете на нејзиниот канал на YouTube.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLIU JO во пролетната колекција ја слави и потенцира силата на жената
Следна објаваАнкциозноста преку очите на Felipe Feca
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР