За најатрактивните дестинации кога станува збор за “балот под маски” секако дека прво што ни паѓа на ум е маскембалот во Венеција. Но, покрај него во светот се одржуваат и многу други интересни балови за кои можеби и не сте слушнале. Ви ги претставуваме најубавите и најатрактивните манифестации од ваков вид кои се одржуваат секоја година ширум светот.

Venezia

Ова е секако најпознатиот маскембал на европскиот континент. Спектакуларен, оргинален како таков покрај несекојдневните маски кои може тука да се видат, за време на неговото траење тука може да погледнат многубројни концерти и паради. Кој не го поситил секако дека треба да се види.

Port of Spain

Главниот град на Тринад и Тобаго е надалеку познат со својата маскембалска традиција. Најголемиот како таков на Карибските острови секако привлекува голем број на посетители и туристи за време на неговото траење. Интересен е фактот дека овде може да се проба храна каде не може да се најде никаде на друго место на западната хемисфера.

Quebec City

Градот во кој се одржува еден поинаков вид на маскембал. Се е во духот на снежните спортови. Целиот град е со ледени скулптури. Се организираат голем број шоу програми кои вклучуваат хокеј, скијање и друго.

Santa Cruz de Tenerife

Маскембал на Канарските острови? Екстравагантен, по малку потсетува на бразилскиот бал под маски. Топлото време е сојузник на оваа манифестација која се одржува во текот на зимскиот период. Навистина прекрасно!!

Montevideo

Престолнината на Уругвај е истотака една од најинтерсните дестинации врзана за маскембалските случувања. Се одржува кон крајот на јануари и почетокот на февруари.

 

New Orleans

Покрај тоа што се смета за колевка на џез музиката тука се одржува и најдобриот маскембал на американскиот континент. Погледнете навистина спектакуларен призор!!

Basel

Дали можеби го знаевте фактот дека во родниот град на Roger Federer се одружува истотака бал под маски?! Интересно е да спомене дека тој всушност започнува во периодот кога другите маскембали завршуваат а во него учествуваат и повеќе од 20.000 учесници.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР